Откако во мај отиде во негативната зона, Државниот завод за статистика во јуни повторно регистрираше раст на индустриското производство, од 1,9 отсто. Македонската индустрија, всушност, почна да расте од февруари годинава, прекинувајќи го така долготрајниот пад од 17 месеци едноподруго. Според податоците што вчера ги објави Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни годинава, во однос на истиот месец лани изнесува 101,9. Или, гледано по сектори, во рударство и вадење камен во јуни, во однос на јуни 2012 година, е забележан пораст од 6,7 отсто. Карактеристично е што во изминатите месеци од годинава најголем скок има во овој сектор, токму онаму каде што лани имаше најголеми падови. Во јуни растот во преработувачката индустрија изнесува 1,9 отсто, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистриран пад од 2,7 отсто.
Откако во мај отиде во негативната зона, Државниот завод за статистика во јуни повторно регистрираше раст на индустриското производство, од 1,9 отсто.
Македонската индустрија, всушност, почна да расте од февруари годинава, прекинувајќи го така долготрајниот пад од 17 месеци едноподруго.
Според податоците што вчера ги објави Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни годинава, во однос на истиот месец лани изнесува 101,9. Или, гледано по сектори, во рударство и вадење камен во јуни, во однос на јуни 2012 година, е забележан пораст од 6,7 отсто. Карактеристично е што во изминатите месеци од годинава најголем скок има во овој сектор, токму онаму каде што лани имаше најголеми падови. Во јуни растот во преработувачката индустрија изнесува 1,9 отсто, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е регистриран пад од 2,7 отсто.
Во рамки на секторот преработувачка индустрија, кај производството а прехранбени производи е регистриран пад од 9,6 отсто, додека пак, кај производството на пијалаци има раст од 15,3 проценти. Пораст има и кај производството на тутунски производи за 15,8, кај текстилот растот е 14,8, а кај облеката е 8,6 проценти.
Голем пад има кај преработката на дрво, од 24,4 отсто, како и кај печатењето и продукцијата на снимени медиуми за 28,2 отсто.
Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека во првата половина од годинава, во однос на истиот период лани, индустриското производство пораснало за 1,8 отсто.
Растот на индустриското производство е добро за домашната економија, оценија неодамна бизнисмените, кои прогнозираат дека индустријата нема повеќе да паѓа, туку дека ќе продолжи да расте и во наредните месеци, иако тоа нема да значи дека треба да се очекуваат значајни стапки на раст. Во секој случај, порастот на индустријата ќе придонесе да ја избегнеме рецесијата со која се соочуваат повеќе европски земји. Истовремено, поголем дел од компаниите најавуваат нови инвестициски циклуси и имаат обезбедени нарачки од партнерите. Ова посебно се забележува во текстилната дејност во изминатите месеци.